Услуги

Нашите услуги – Вашата поддршка за успех

Во нашиот Центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација, нудиме широк спектар на професионални услуги, насочени кон подобрување на говорниот, когнитивниот и образовниот развој. Секоја услуга е прилагодена на вашите индивидуални потреби, со цел да обезбедиме ефективна поддршка и трајни резултати. Запознајте се со нашите програми и дозволете ни да ви помогнеме на патот кон напредок.

Видови на услуги
01

ПРВ ПРЕГЛЕД

Опфаќа земање анамнестички податоци, опсервација, првична процена, основно тестирање, советување и давање извештај.

02

КОНТРОЛЕН ПРЕГЛЕД

Контролен преглед, ретестирање и/или следење по завршување на логопедските третмани.

03

ПРОЦЕНА НА ПСИХОМОТОРЕН РАЗВОЈ

Детална процена на психомоторниот развој (дефектолошко досие), со план и програма за дефектолошки третман.

04

ЛОГОПЕДСКИ ТРЕТМАН (45 минути)

Поединечен логопедски третман, надвор од пакет.

05

ПАКЕТ 8 ЛОГОПЕДСКИ ТРЕТМАНИ

Месечен пакет логопедски третмани, два пати неделно.

06

ПАКЕТ 12 ЛОГОПЕДСКИ ТРЕТМАНИ

Месечен пакет логопедски третмани, три пати неделно.

07

ДЕФЕКТОЛОШКИ ТРЕТМАН (45 минути)

Поединечен дефектолошки третман, надвор од пакет.

08

ПАКЕТ 8 ДЕФЕКТОЛОШКИ ТРЕТМАНИ

Месечен пакет дефектолошки третмани, два пати неделно.

09

ПАКЕТ 12 ДЕФЕКТОЛОШКИ ТРЕТМАНИ

Месечен пакет дефектолошки третмани, три пати неделно.

10

СЛОЖЕНИ ЛОГОПЕДСКИ И ДЕФЕКТОЛОШКИ ТЕСТИРАЊА

Опфаќа примена на тестови за процена на говорно-јазички способности, тестови за процена на психофизиолошки способности, тестови за процена на потешкотии во училишните вештини, тестови за процена на афазија, други тестови.

11

ПЕДИЈАТРИСКО СПЕЦИЈАЛИСТИЧКИ КОНСУЛТАТИВЕН ПРЕГЛЕД - ОПШТА ПЕДИЈАТРИЈА, МЕТАБОЛИЗАМ И ГЕНЕТИКА

Опфаќа опсервација, процена и советувањеи стручно мислење за понатамошно дијагностицирање и третирање на педијатриски, метаболни и генетски нарушувања.

Подготвени сме да ви помогнеме!

Доколку имате прашања или сакате да закажете термин, контактирајте нè веднаш. Нашиот тим е тука за вас – да ви обезбеди поддршка, совети и професионални услуги.