Стручна литература

Откријте ја колекцијата на стручна литература, создадена со цел да инспирира, едуцира и поддржи професионалци и семејства. Секоја книга е внимателно подготвена со практични совети, научни сознанија и докажани методи кои ќе ви помогнат во разбирањето и унапредувањето на говорниот и образовниот развој.

SLP.BОJAN - ТЕСТ ЗА ЛОГОПЕДСКА ПРОЦЕНА НА АФАЗИЈА Богдановски, Б. (2024)

Тест за логопедска процена на афазија, кој се применува за процена на: гласовна комуникација, разбирање и гестовна комуникација, повторувањ, именување, артикулација на гласови, логомоторика, читање, пишување и психомоторика на рака, кај лица со афазија. Трудот во себе содржи и протокол за земање на анамнестички податоци. Во трудот се опишува и: етиологијата, класификацијата, дијагбностиката и третманот на афазиите.

ПРИРАЧНИК ЗА ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ Богдановски, Б., Гаспар, Ф., Јотовска, О. (2023)

Прирачник наменет за родители на деца со пречки во развојот, кој од логопедски, дефектолошки, психолошки и педијатриски аспект, обработува повеќе теми, како на пример: што значи да се биде родител, кога треба родителот да се посомнева во развојот на своето дете, каде тој треба да се обрати и да побара помош, со која дијагноза/состојба може да се соочи, каква е дијагностиката и третманот на состојбите кои предизвикуваат потешкотии и пречки во развојот на децата, како влијае добивањето на дијагноза врз семејството, какви се предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост, како и многу други важни теми за родителите на деца со пречки во развојот.

ТРЕТМАН НА АРТИКУЛАЦИСКИ И ФОНОЛОШКИ НАРУШУВАЊА Богдановски, Б. (2022)

Обемен труд од скоро 500 страни, кој ги опишува: развојот на гласовите, развојот на фонолошката способност, нарушувањата на артикулацијата на гласовите, фонолошките нарушувања, дијагностиката на артикулациските и фонолошките нарушувања, третман на артикулациски нарушувања, третман на фонолошки нарушувања. Трудот во себе содржи два теста: “SLP.Bojan - Тест за процена на артикулацијата на гласовите” и “SLP.Bojan - Тест за процена на фонолошката способност”.

ПРИРАЧНИК ЗА ЛОГОМОТОРИКА, ФИНА И ГРУБА МОТОРИКА Богдановски, Б., Сиљаноска, В., Коцева, С. (2021)

Практичен труд кој содржи над 100 вежби за логомоторика, фина и груба моторика, писмено и сликовито прикажани. Прирачник кој е од секојдневна корист и помош за секој логопед, дефектолог и родител на дете кое посетува логопедски и/или дефектолошки третмани.