За Нас

Сите сме сведоци дека од ден во ден бројот на лица со патологија во вербалната комуникација и бројот на лица со задоцнување во психомоторниот развој, од ден во ден се зголемува, од каде произлегува потребата на навремена и стручна дијагностика, интервенција и третман.

SLP.BOJAN – центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација е современ центар кој врши превенција, дијагностика, процена, интервенција и третман на лица со патологија во вербалната комуникација и лица со задоцнување во психомоторниот развој, се со една цел – рано откривање и третирање на голем број состојби со тенденција на добивање посакувани резултати, функционалност и квалитетен живот.

Основач и раководител на центарот

Медицина, Клиничка говорна и јазична патологија и терапија, Специјална едукација и рехабилитација – Интелектуални попречености и аутизам

Слушањето е предуслов за здрав говорно-јазичен развој.

м-р спец. Бојан Богдановски

Логопед

Искусен и стручен тим

Нашиот тим се состои од клинички логопеди специјалисти, дипломирани логопеди, специјални едукатори и рехабилитатори.

Персонализирани програми

Нудиме индивидуални планови за третман, прилагодени на потребите и целите на секој клиент.

Современи методологии

Работиме со најновите пристапи и технологии за да обезбедиме ефективна и квалитетна поддршка.

Топла и поддржувачка средина

Создаваме пријатна атмосфера каде што секој клиент се чувствува сигурно и мотивирано.

Нашиот центар нуди услуги од областа на:

ЛОГОПЕДИЈА

Логопедска дијагностика и третман на патологија во вербалната комуникација кај лица со: аутистичен спектар на нарушувања, развојна дисфазија, задоцнет говорно-јазичен развој, интелектуална попреченост, афазија, пелтечење, артикулациски и фонолошки нарушувања, оштетувања на слухот, кохлеарен имплант, лица по ларингектомија, оштетувања на гласот, дизартрија, расцепи на непце, потешкотии во читањето и пишувањето, ретки болести, други состојби.

СПЕЦИЈАЛНА ЕДУКАЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА (ДЕФЕКТОЛОГИЈА)

Дефектолошка процена на психомоторен развој, специјална едукација и рехабилитација кај лица со: аутистичен спектар на нарушувања, интелектуална попреченост, оштетувања на слухот, оштетувања на видот, специфични потешкотии во училишните вештини, моторни нарушувања, ретки болести, други состојби.

КОНСУЛТАТИВНА ПЕДИЈАТРИЈА

Педијатриски специјалистички консултативни прегледи од областа на општа педијатрија, метаболизам и генетски нарушувања, изведувани од надворешни стручни соработници со големо професионално искуство.

Да се радуваме на заедничките успеси и резултати!

Ваш, SLP.BOJAN - центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација

Визија
Да бидеме водечки центар за логопедија, специјална едукација и рехабилитација, препознатлив по нашата стручност, иновативност и посветеност кон секој клиент. Стремиме кон општество каде што секој поединец има еднакви можности за развој и успех.
Мисија
Наша мисија е да обезбедиме квалитетна и професионална поддршка преку индивидуален пристап, современи методи и едукативни програми. Со посветеност и грижа, им помагаме на клиентите да ги надминат предизвиците, да го достигнат својот полн потенцијал и да го подобрат квалитетот на својот живот.